Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Постои можност во Македонија да има инсталирано терористички ќелии на Ал Каеда. Македонската полиција вчера спровела акција за разоткривање на сомнителни трансфери на пари за финансирање на терористички активности.

Како што велат оттаму целата акција била спроведена по добиена информација од страна на една македонска банка, дека во јануари 2007 година, имало сомнителен трансфер на пари.

Било утврдено дека на 22 јануари, скопјанецот Бекир Халими, на неговата лична девизна сметка примил 2.115 евра на име плата од кувајтската организација “Ривајвл исламик хертиџ сосајати“.

„Оваа организација се наоѓа на црната листа на Обединетите нации“ за организации поврзани со Ал каеда“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Трансферот на парите со сфифт сметка бил направен преку една кувајтска и две германски банки на сметката на македонската банка. Бекир Халими фигурира како потписник во издавачка куќа “Нун ДООЕЛ“.

Според оперативните сознанија на МВР, Котевски вели дека тој имал централни улоги во активностите и финансирањето на хуманитарното здружение “Бамиресија“.

Полицијата во текот на вчерашниот ден извршила претрес во повеќе простории на хуманитарното здружение на улица “Лазар Илиев“, во просториите за молење на “Петре Ѓорѓиев бр. 63“, во издавачката куќа, во “Нун“на улица “Лазар Танев“, како и во трговското друштво “Р-ориент“ и во студиото “Д и К“ на улица Панче Неделковски.

Одземени се финансиска документација и техничка стока, компјутери, лаптопи, две мемориски картички и друго. Запленетите предмети ќе бидат предмет на истрага за докажување на дела перење на пари, финансирање на тероризам, незаконско финансиско работење. Се проверува и поврзаноста со лица организации на меѓународно ниво.

Исто така, постои сомневање на Халими уште од една организација примал пари. Годишниот прилив на средства од 2000 година изнесува над 4,5 милиони евра.




9.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!