Анкета
Најнова Фотка
Да се знае!

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Денот на Европа, 9. мај, ќе биде одбележан со низа активности во Македонија во организација на Делегацијата на Европската комисија и Секретаријатот за европски прашања во соработка со Европското движење на Македонија.

Евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере посочи дека активностите по повод Денот на Европа оваа година ќе имаат човечка димензија, со цел да го приближат процесот на евроинтеграција до граѓаните.

Оваа година Европската Унија ја прогласи за „Година на меѓукултурен дијалог", како една од најтемелните вредности на ЕУ, со мотото „Не се тие и ние, туку јас и ти“. Главната цел на ЕУ е да се зајакне почитувањето на културната разновидност и коегзистирањето на различните културни идентитети и верувања.

По повод „Денот на Европа“, денеска во Скопје ќе биде одбележан и „Европскиот ден на претприемачот“, во чии што рамки свое обраќање ќе имаат премиерот Никола Груевски, евроамбасадорот Ерван Фуере и градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски.
Активностите за одбележување на Денот на Европа започнаа на 29. април, со отворањето на Европското катче во библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје

На 9. мај 1950 година е направен првиот чекор за создавање на денешната Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“.



Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

9.05.2008

Спорт
Видео: Барса почна убедливо, Меси повторно неверојатен
Видео: Барса почна убедливо, Меси повторно неверојатен
Хосеп Гвардиола стартуваше со убедлива победа на подготовките во Шкотска во пријателскиот меч против локалниот прволигаш Хиберниан.
Ќе ја завршам кариерата на кормилото на Англија
Ќе ја завршам кариерата на кормилото на Англија
Италијанскиот тренер Фабио Капело, кој моментално е селектор на Англија, објави дека најверојатно по одработениот ангажман на Островот ќе го напушти тренерскиот свет.
Барса го сака Трезеге
Барса го сака Трезеге
Според италијанските медиуми, Барселона сака да го доведе напаѓачот на Јувентус Давид Трезеге за кој е спремна да издвои 20 и 25 милиони евра.
Сколс: Уште две години
Сколс: Уште две години
Легендарниот фудбалер од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изјави дека за две години ќе ја заврши својата богата кариера.
Видео: Ливерпул го доведе Нгог
Видео: Ливерпул го доведе Нгог
Менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез го доведе и четвртото засилување пред почетокот на новата сезона. Младиот напаѓач Нгог е голем талент на францускиот фудбал.
Награда од 20,000 евра за златен олимписки медал
Награда од 20,000 евра за златен олимписки медал
Македонските олимпијци кои на претстојните Игри во Пекинг заминуваат со скромни очекувања, за евентуално освојување медал ќе бидат парично наградени.
Пандев ако не се договори - во Фиорентина!
Пандев ако не се договори - во Фиорентина!
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито следната недела ќе седне на преговарачка маса со Горан Пандев за новиот негов договор. Постои можност да замине и во Фиорентина!
Милан бара замена за Неста
Милан бара замена за Неста
Според пишувањето на Кориере дело Спорт, Милан е во потрага по одбранбен фудбалер кој ќе може да влезе како замена за Алесандро Неста еден од најдобрите стопери во светот, кој е се по склон кон повредите.
Видео: Интер се обезбеди со бразилски вундеркинд
Видео: Интер се обезбеди со бразилски вундеркинд
Младиот плејмејкер на Васко де Гама, 16-годишниот Филипе Кутињо Кореја, потпиша договор со италијанскиот шампион за околу 10 милиони евра.

Резултати сега!