Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Италијанците ќе уживаат барем во дел од новата влада на Берлускони. Мара Карфања, со уметничко име Мара Ла Бела ќе биде новата министерка која ќе се грижи за еднаквост на половите.

Министерската функција на убавата Мара е храбар потег на Силвио Берлускони, затоа што 32-годишната госпоѓица веќе еднаш сериозно го разниша неговиот брак.


Тој дури и јавно призна дека мечтае да се венча со неа, па поради ваквата непромислена изјава мораше јавно да и се извини на својата сопруга Вероника Ларио.


Г-ца Карфања му падна првпат в очи на премиерот во 1997 кога се пласираше на шестото место во изборот за Мис Италија. Тоа го искористи како отскокна штица па наредните шест години ги помина работејќи како хостеса во едно ТВ шоу.


Иако во емисијата се појавуваше полугола и се разголуваше во многу магазини, Мара, инаку дипломирана правничка, тврди дека ги негува традиционалните семејни вредност.



Мара Ла Бела стана една од четирите министерки на новата влада на Берлускони која брои 22 члена. Ќе се залага за што повеќе жени на италијанската политичка сцена.




8.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!