Љубомир Фрчкоски со „правни мерки“ - тупаници се обидел да го расчисти недоразбирањето помеѓу неговата сопруга и 24-годишна девојка која останала заглавена 40 минути во возилото кое било блокирано токму од автомобилот на Фрчкоски.
Сезнајниот експерт и професор на правниот факултет
Љубомир Фрчкоски, наместо да ја смири тепачката меѓу неговата сопруга
Ирена и друга жена и тој се приклучил во тепањето.
Со тупаници се обидел да го расчисти недоразбирањето помеѓу неговата понежна половина и 24-годишната
Катерина Вељановска, кои започнале тепачка поради паркинг простор. Исто така со тупаница го удрил
Александар Блажевски, сопруг на Вељановска, а неа ја влечел за коса, пренесува телевизијата А1.
Настанот се одиграл околу 20 часот во близина на Сојузот на синдикати на Македонија. Таму живее мајката на Ирена Фрчкоска. Непознатиот брачен пар, чиј автомобил бил блокиран од автомобилот на младата адвокатка и сопруга на професорот, според очевидци, чекале 40 минути за да излезат од паркинг просторот.
Инцидентот настанал кога двете жени ја започнале кавгата во која влетал и Фрчкоски. Биле повикани во полициската станица „Беко“.
Откако бил приведен, професорот Фрчкоски ја напуштил полициската станица без да го потпише записникот за настанатиот инцидент, јавува А1.
Според првичните информации од полицијата и Ирена Фрчкоска и Катерина Вељановска ќе заработат по две прекршочни пријави, за нарушување на јавниот ред и мир и за тепачка.
Неофицијално, Љубомир Фрчкоски ќе одговара за физички напад.
8.05.2008