Весниците кои немаат интегрирано уредништво за онлајн издание немаат иднина, покажа испитувањето направено меѓу учесниците на Меѓународниот форум на главните уредници.
Во „редакцискиот барометар“, испитување спроведено меѓу 700 водечки уредници на весници, 86 проценти од нив претпоставуваат дека интегрираните печатени и онлајн изданија ќе претставуваат правило во новинарството.
Истовремено, 83 проценти од нив веруваат дека по пет години од весниците ќе се очекува да произведуваат содржини за сите постоечки медиуми. Околу 44 отсто се убедени дека читателите до првите информации ќе доаѓаат на интернет.
Една третина од уредниците, поточно 31%, сметаат дека печатените изданија се најраширена форма на информирање. Една година порано, ова мислење го делеле 35 проценти од уредниците.
Повеќе од половина од уредниците, односно 56 проценти, сметаат дека поради развојот на интернетот, вестите во иднина ќе бидат бесплатни. Поради тоа две третини од нив очекуваат дека поголема важност ќе добијат коментарите и анализите.
Намалувањето на бројот на помладите читатели е најголемата закана за опстанокот на весниците, сметаат 58 проценти од испитаните 700 уредници.
„Испитувањето покажува дека главните уредници веќе се мултимедијално насочени и дека се добро подготвени за премин од моделот на печатено издание на модел на работа што вклучува и печатени и онлајн весници“, вели
Бертрард Пекури, директор на Меѓународниот форум на главните уредници.
7.05.2008