Гола канцеларија - вака некако би изгледало тоа
Проектот што ќе го прави Би-Би-Си планира вработените на работа да одат целосно голи за да видат колку е голема и важна улогата на облеката во работната хиерархија.
Шоуто на Би-Би-Си - Гола канцеларија (Naked Office) е замислено да следи неколку луѓе кои на работа ќе одат целосно голи. Планот е камерата да ги следи облечените колеги и да ги оценува нивните погледи за нудизмот.

Некои ќе бидат замолени да позираат голи на курсевите по цртање, за да се види колку слободно се чувствуваат во сопствената кожа во јавност.
По неколку недели, учесниците во шоуто ќе бидат замолени да дојдат на забавата Гол петок. Целта е да се видат ставовите кон голотијатам телото и улогата на облеката во канцелариската хиерархија.
Вака ќе се оди на работа
„Проектот ќе биде многу продуктивен, кој сигурно ќе остане во сеќавање“, велат продуцентите на шоуто.
6.05.2008