Сингапурската државна ТВ куќа настрада поради наводното ’рекламирање на хомосексуален животен стил’, што таму е строго забрането и казниво како и самата хомосексуалност.
Сингапурската државна телевизија беше казнета од државниот цензор со парична казна од 15 илјади сингапурски долари (нешто над 7000 евра), поради рекламирање на хомосексуален животен стил во емисија во која е прикажана хомосексуална двојка со посвоено дете.
Сингапурскиот совет за развој на медиумите, ја оцени епизодата на серијата Find and Design, која се занимава со внатрешно уредување, а во која домаќинот на хомосексуалната двојка им помогна да ја уредат детската соба, дека „го рекламира и го прикажува како нормален геј начинот на живот“.
Цензорот приговори и за сцените во кои парот е заедно со детето, а во емисијата се третирани како семејство. Тоа е за осуда, бидејќи се крши прописот за забрана на „емисиите кои рекламираат, оправдуваат или го слават хомосексуалниот животен стил“, велат оттаму.
Според сингапурскиот закон хомосексуалноста е забранета и мажот кој прави „блуд“ со друг маж може да заврши затвор до две години, иако ваквите случаи се ретки.
26.04.2008