Испрати на пријател

Содржина од Taratur.com%message %body
Карта од италијанскиот весник Критика Социјале

Титовата армија требало да упадне во Италија, а вооружените италијански комунисти да ја преземат власта по првите парламентарни избори на 18 април 1948.

Ова го тврди италијанскиот историчар Салваторе Секи во најновиот број на ревијата „Критика Социале“.

Секи се служел со необјавени документи на американскиот секретаријат за одбрана. Климата пред парламентарните избори во 1948 била како од Студената војна, а двете најсилни партии, Демохристијанската и Демократскиот народен фронт, сочинет од Италијанската комунистичка партија (PCI) на Палмиро Тољати и Социјалистичката партија (PSI) на Пјетро Нени во предизборната кампања воопшто не штеделе зборови.

На изборите победила Демохристијанската партија на Алчиде Де Гаспери, освојувајќи 48% од гласовите, а заедничкиот фронт на комунистите и социјалистите, кој по изборите се распаднал доби 31% од гласовите.

Тито на смотра на своите сили

Во сојузничките воени архиви има документи во кои, како што вели Секи, се изразува голема загриженост на Американците и Британците за судбината на Италија, особено по изборите. Најголемата закана доаѓала откај комунистите, за кои се претпоставувало дека нема да ги признаат резултатите и ќе тргнат во вооружена борба за преземање на власта.

Во ова сценарио се предвидувала и воена интервенција на Титова Југославија. „Титовите сили без проблем би ја поразиле италијанската војска и би ги зазеле стратешките локации со цел Италија да се преполови“, пишува Секи и наведува дека ЈНА би ги зазела градовите Римини, Анкона и аеродромот во Фоџа, како и Трст. Истовремено, според планот, комунистите ќе се побунеле во регионите во кои биле посилни (види ја картата најгоре).

Тито и неговата армија

Според неговите информации регуларната војска на Италија имала тогаш 50.000 војници, додека комунистите располагале со воена сила од 75.000 вооружени членови.

Токму поради опасноста од комунистички воен удар, Алчиде Де Гаспери есента 1947 во согласност со сојузниците донел одлука за одложување на повлекувањето на англоамериканските сили од Италија до после изборите на 18 април 1948.

Италијанскиот историчар тврди дека комунистите имале минофрлачи, тешки митралези, противтенковско оружје... Постоела опасност, тврди Секи дека комунистите и по евентуалната победа би употребиле оружје за да воведат диктатура на пролетаријатот.



19.04.2008

Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com