Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Популарниот француски пејач со шпанско потекло, Manu Chao, заедно со својот Radio Bemba бенд ќе настапи на главната сцена на годинашниот Егзит фестивал во сабота, на 12 јули.

Покрај енергичната Juliette Lewis и фуриозниот Eugen Hutz, фестивалската сабота ќе биде предводена од харизмата на една од најголемите глобални ѕвезди.

Анархистичките идеи на потесниот круг на британската сцена и звукот на панк бендовите како што се The Clash и Dr. Feelgood, го инспирираа неговиот прв бенд Hot Pants кој во 1984 та година издава демо снимка со една од неговите најпознати песни - “Mala Vida”. Две години подоцна, Manu и неговиот брат Antoine Chao со неколку пријатели го основаат бендот Los Carayos, кој го задржа наследството од ска панк звукот од претходниот бенд, напоредно создавајки свој стил до 1994 та, кој е овековечен со четири студиски албуми.

По третиот албум, во 1987 та браќата Chao заедно со роднината Santiago го основаат Mano Negra, група за пресврт, не само за Manu, туку и за дотогашната музичка сцена. Mano Negra во текот на своето кратко постоење стекнаа глобална популарност, посебно надвор од англиското говорно подрачје.

После тоа, Manu и преостанатите членови на бендот се селат во Мадрид, каде што го основаат бендот Radio Bemba. Во 1998 та година излегува албумот “Clandestino”, проследен со истоимениот, но и другиот хит сингл, “Bongo Bong”. Следниот албум “Proxima Estacion:Esperanza” излегува во 2001 година и го повторува успехот.

По долгата и богата латино-американска фаза, во 2004 та година на ред доаѓа “Siberie m’etait contee”, албум кој е проткаен исклучиво со шансониерски израз. Есента, 2007 ма година, донесе ново поглавје и радост за бројните обожаватели на работата на овој великан на музичката мултикултура-новиот албум “La Radiolina”. Албумот дебитира како најпродаван на европскиот континент, качувајќи се меѓу првите пет на речиси секоја европска топ листа, а спотот за првиот сингл “Rainin’ In Paradise” го режира Емир Кустурица, за чив документарен филм за Diego Armando Maradona музиката ја подготви токму Manu Chao.

Manu Chao е на глобална турнеја веќе речиси две години, а неговите настапи со многубројниот состав отсекогаш биле познати како вонсериски концерти, што може да го посведочи и скопската публика. Manu може да се опише како уметник кој е во состојба со блага насмевка да одбие ВИП влезници за доделувањето на Brit Awards, каде што претставниците од Virgin му нудат запознавање со ѕвезди како што се Robbie Williams, David Bowie и Sting, а тој своето отсуство го правда со “имам некои други планови со своите пријатели за таа вечер”.

Во тој стил има одбиено и пола милион долари за да една негова песна биде искористена за реклама. Пари има сосем доволно за да живее гламурозно, но не е реткост да преспие на подот на неговото студио работејќи доцна во ноќта. Она што многумина во светот имаат прилика да го видат во живо, е исклучителен настап на еден прав уметник чие природно место е на главната бина на Егзит, пред публиката која одамна ја освои.



9.04.2008

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!