Анкета
Најнова Фотка
Екстра Југо

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Во петокот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа промоција на 14 книги од македонски блогери во издание на издавачката куќа „Аквариус пет“.

Промоцијата на едицијата „Блог записи“ ја отвори директорот на библиотеката Филип Петровски, а како промотери на настанот се појавија Сашо Мацановски-Трендо, уредник на Блогерај и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми.

Можеби како единствен недостаток на целата промоција беше тоа што блогерите-автори не се појавија пред публиката да си кажат збор-два за своето дело, туку актерката Јелена Мијатовиќ која очигледно слабо го познава македонскиот правоговор, читаше цитати од нивните дела.


Сепак, тоа беше интересен и револуционерен настан кој го крева превезот од феноменот наречен блог пред пошироката македонска јавност, а на најголемите скептици им докажува дека блогерите во Македонија поседуваат огромен квалитет кој вреди и мора да биде прочитан.

Како аргумент плус, фактот дека промоцијата беше одлично посетена, а холот на библиотеката преполн од луѓе од секакви возрасти.

Од издавачката куќа „Аквариус пет“ која ги издаде 14-те книги рекоа дека ова нема да биде нивна последна блог едиција. Сите 14 книги се во Б6 формат и можеа да се купат по промотивна цена од 100 денари.

30.03.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем
Павличенко во Тотенхем
Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.

Резултати сега!