Младата аренби ѕвезда ги замоли своите обожаватели за време на нејзините концерти да не носат чадори. Бизарното барање всушност е неопходно, од оправдани причини – имало повредени.
Ријана забрани носење чадори на нејзините концерти во Велика Британија од безбедносни причини.
Откако минатата година ги запоседна сите топ листи со својот хит
Umbrella (Чадор), пејачката мораше да го забрани носењето чадори на нејзините концерти, бидејќи некој би можел да се повреди доколку го имитира нејзиниот настап.

Секако, има причина за ваквата загриженост - на нејзината европска турнеја, веќе неколку посетители се здобија со повреди по вакви чадор-инциденти.
Бизарното барање за прв пат е изречено во Шкотска, каде Ријана настапи на почетокот на неделава.
„Обично не бараме од луѓето своите чадори да ги оставаат надвор. Но станавме претпазливи по неколку несреќи. Знаеме дека Ријана изведува точка со чадор, па не сакаме додека луѓето ја копираат, некој да остане без око“, објасни одговорниот за концертот во Абердин
Енди Мекдоналд.
5.03.2008