Од швајцарски приватен музеј се украдени четири слики на познати уметници проценети на 112 милиони евра. Тројцата маскирани крадци побегнале во бел автомобил.
Кантонската полицијата во Цирих соопшти дека станува збор за „спектакуларна кражба на уметнички дела“, која се случи во
Collection E.G. Buehrle каде што се изложени дела на импресионисти и постимпресионисти.
Се знае само дека се тројца маскирани и наоружани мажи кои побегнале во бел автомобил.
Четирите украдени дела се: „Афиони кај Ветеол“ од
Клод Моне (1879), „Грофот Лепик и неговите ќерки“ од
Едгар Дега (1871), „Костен што цвета“ од
Винсент Ван Гог (1890) и „Момче во црвено палто“ од
Пол Сезан (1888).
Според вредноста на украдените дела ова е една од најголемите кражби на уметнички дела во последниве дваесет години. Крадците се во бегство, а истрагата е во тек.
12.02.2008