Контроверзниот американски уметник Даниел Едвардс своето последно дело го посвети на славната водителка, прикажувајќи ја како фараон, бидејќи смета дека таа е токму тоа во очите на повеќето Американци.
Даниел Едвардс, контроверзниот американски уметник ја направи скулптурата за
Опра Винфри наречена
The Oprah Sarcophagus.
Едвардс е инаку познат по тоа дека ги изобличува и пародира своите „модели“, па така скулптурата на Опра е инспирирана од Египет, а ја изработил така што многу потсетува на саркофагот на Тутанкамон.
Иако Опра веќе со години успешно се бори со вишокот од килограми, таа во очите на Едвардс се уште е полничка жена со кадрава коса.
Едвардс, нејзината статуа ја направи во бронза. Тој вели дека со ова Опра станува бесмртна и иронично истакнува дека неговата работа е посвета за жената која Американците скоро ја сметаат за жива божица.
Ова дело, како и поголемиот број негови дела, ги вознемири духовите ширум САД, но не поради изгледот на славната водителка, туку поради начинот на кој ја прикажал.
Едно од неговите најшокантни дела е кипот за мртвиот принц
Хари кој лежи покрај Библија и в раце ја држи круната на својата почината мајка, принцезата
Дајана.
Освен за Хари, има направено кип и за
Фидел Кастро, потоа
Бритни Спирс во природна големина кајшто раѓа, а исто така и статуа на мртвата
Парис Хилтон по која оди нејзиното куче Тинкербел.
1.02.2008