
Поранешната рагби ѕвезда, Мекнеир, бил пронајден мртов со рана во главата во населбата Нешвил.
Поранешниот рагибст, Стив Мекнеир, бил пронајден мртов во резиденцијата која ја имал изнајмено во предградието Нешвил.
Во полицискиот извештај стои дека откако го примиле повикот за убиството, отишле во резиденцијата, каде што пронашле две застрелани тела, едно машко, едно женско.
Машкото тело е потврдено дека е Мекнеир додека идентитетот на жената се уште не е откриен, но од полицијата кажуваат дека не се работи за сопругата на Стив, Мишел Мекнеир.
Во куќата немало знаци за насилно влегување, а полицијата се уште нема осомничени. Неколку луѓе кои живееле во близина биле земени во станица на испрашување.
Наум Баварец/Таратур
5.07.2009






















