
Повторно непослушност кај Адријано, овој пат начекан од новинари на O Globo како со друштво јаде хот-дози пред тренинг.
На само четири часа пред почетокот на тренингот на Фламенго, последен пред дуелот со Викторија, Адријано со друштво си мезеше мрсна храна, па мораше да го пропушти тренингот.
Кратко по обилниот појадок, Адријано му се јавил на тимскиот доктор, кажувајќи му дека нема да вежба заради проблеми со дигестивниот систем.
Од клубот потоа на официјалната страна објавија изјава на Д-р Марчел Соареса дека играчот пати од болки во цревата и дека тој му препорачал одмор.
Ова избегнување на тренинг, со неспортски живот, не е изолиран инцидент. Со горе-долу слични финти, ова е трет пат Адријано да одбегнува тренинг за Фламенго. Но сепак, од пет одиграни натпревари, постигна четири гола, па челниците на тимот мора да се задоволни.
Наум Баварец/Таратур
5.07.2009




























