
Арсенал делува се позагреан за бразилскиот интернационалец од редовите на Фиорентина, Мело, откако тој ѓи одигра сите натпревари за Бразил на Купот на конфедерации.
Фелипе Мело кој се прослави на Купот на конфедерации играјќи за Бразил, неодамна го продолжи договорот со Фиорентина и речиси се беше сигурно дека тој ќе остане таму, се додека не се замеша Арсенал. Со новиот договор, Мело може да си замине доколку некој плати оштета од 25 милиони евра.
Од Фиорентина соопштија дека до таа сума се приближил само Арсенал, но тимот од Фиренца има подобра идеја.
Италијанскиот прволигаш е спремен да го пушти Мело и за помали пари, доколку „топџиите“ им го пуштат дефанзицецот, Емануел Ебуе.
За оваа идеја се уште нема официјален одговор од лондонскиот тим, додека италијанските медиуми шпекулираа дека Мело веќе пристапил во Јувентус, што беше негирано и од агентот на играчот и од Фиорентина.
Наум Баварец/Таратур
5.07.2009




























