
Популарната пејачка оди на курс за тетовирање. Иако се уште нема дозвола, некои од најголемите обожаватели ја замолија да ги истетовира. Може да заработи казна за тоа!
Убавата Ријана е голема обожавателка на тетоважите. Колку точно ги има, никогаш досега не откри, но веројатно сега ги има многу повеќе.

Имено, пејачката се запиша на курс за тетовирање, а веднаш се појавија нестпрливите обожаватели кои посакаа да имаат нејзин вечен спомен на телото.

Поточно неколку обожаватели кои се најдоа покрај њујоршкото студио за тетовирање, во кое Ријана го учи занаетот, станаа побогати за една тетоважа. Ријана им истетовира мали чадорчиња и буквата Р.

И целата приказна би била симпатична доколку на Ријана не и се заканува казна. Бидејќи нема дозвола за тетовирање, веројатно ќе плати парична казна, а покрај тоа, салонот може да се најде под истрага поради кршење на здравствениот протокол.

4.07.2009



























