
Полицијата во рамките на ОА„Распуст“, во Градскиот парк во Скопје и околината спороведе акциска контрола во објекти што продаваат и точат алкохол на малолетни лица, како и контрола над лица кои се одааваат на пијанство на јавно место и го нарушуваат јавниот ред и мир, при што се приведени околу 50 лица.
Според полицискиот извештај, легитимирани се над 100 лица, од кои во подрачната полициска станица се доведени и приведени околу 50.
Од нив 16 малолетници се доведени поради купување на алкохол од околните продавници, а тројца поради козумирање алкохол. Во врска со тоа против двајца сопственици и двајца вработени во овие објекти ќе бидат поднесени кривични пријави.
Останатите лица се приведени поради конзумирање алкохол и оддавање на пијанство на јавно место и нарушување на јавниот ред и мир, неносење на лични документи за идентификување и фрлање на шишиња и други отпадоци.
Од страна на СВР Скопје во врска со тоа против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Инаку со цел за сузбивање на оваа појава од страна на скопската полиција и во наредниот период ќе бидат преземани вакви активности, во содејство и со други надлежни институции.
4.07.2009

































