
Австралиски палеонтолози тврдат дека пронашле три нови видови на диносауруси по истражување на фосили во Квинсленд. Еден од диносаурусите бил страшен предатор со три големи и остри канџи на рацете.
Останатите два примероци биле тревопасни диноауруси, едниот висок, со изглед на жирафа, а другиот дебел како нилски коњ. Фосилите се пронајдени во коралите познати како Винтон формација, а датираат од пред околу 100 милиони години.

Скот Хакнел, палеонтолог од Квинсленд вели дека овој предатор наречен Australovenator wintonensis бил дури и поголем и пострашен од велоцирапторите познати од филмовите Јурасик Парк.
Двата пронајдени тревопасни диносауруси се нови облици на титаносауруси – најголемите животни кои било кога оделе по Земјата.

Ова е најважното откритие за големи диносауруси во Австралија уште од 1981 година кога беше откриен Muttaburrasaurus, голем четвороножен сештојадец кој може да оди и на две нозе.
Трите фосили ќе бидат складирани во природонаучниот музеј во Австралиското време на диносаурусите кое е во изградба во Винтон.
4.07.2009

































