
Познатиот актер сепак не се самоуби, што е утврдено на приватно нарачената аутопсија која изведена во Л.А.
Причина за смртта е асфикција, гушење, но со детално проучување на положбата во која е пронајдено телото и начинот на кој било врзано потполно го исклучуваат самоубиството, изјави д-р Мајкл Баден.
Да потсетиме, Дејвид Карадин, ѕвездата на серијата Кунг Фу и филмот Кил Бил, пред скоро еден месец беше пронајден мртов во хотел во банкок. Бил гол и врзан за шипка во шкаф, со рацете над главата.
Заклучокот на докторот е дека станува збор за некој вид на случајна смрт, но не се исклучува потполно можноста дека сепак станува збор за аутоеротична асфикција, како што медиумите шпекулираат скоро месец дена. Се уште се чека тајландската полиција да ја исклучи можноста за убиство.
Целосните резултати ќе бидат објавени следната недела.
3.07.2009

































