
Како бомба одекна веста дека една држава за прв пат во својата историја прикажувала реклама за пиво. Ваквата вест ќе беше екстремно чудна, ако не се знае дека државата е комунистичката Северна Кореја.
Триминутната реклама за пиво која деновиве се појави на државната севернокорејска телевизија потегна лавина реакции во западниот свет кој се прашува дали конечно изолираната држава ќе излезе од своето комунистичко лудило.
Рекламата била емитувана веднаш по вечерните вести, а во неа се појавува испотен работник кој држи чаша пиво во рацете со натпис- „Таедонг пиво, гордост на Пјонгјанг“.
Потоа млада девојка во традиционална корејска облека им служи пиво на мажи во западен стил.
Во рекламата се нагласува дека пивото го намалува стресот, го подобрува здравјето и влијае на подолг живот.
На севернокорејската државна телевизија инаку никогаш не се емитуваат реклами.
3.07.2009
































