Македонија и официјално без свински грип

Во Македонија засега нема регистриран случај на опасниот грип А H1N1, денеска и официјално на прес конференција потврди министерот за здравство Бујар Османи.

„Референтната лабараторија во Лондон вчера доцна попладне потврди дека во Македонија нема регистриран случај на грипот А H1N1. Останатите пациенти пак кои имаат грип од типот А, добиваат соодветен лекарски третман, добро ја поднесуваат терапијата и се опоравуваат“, појасни Османи.

Директорот на инфективната клиника Ѕвонко Миленковиќ, информираше дека четиригодишното дете од Австралија, што беше на гости во Прилеп, кое воедно беше првиот сомнителен случај, веќе е пуштено на домашно лекување.

Според Миленковиќ, освен тоа дете, вчера од Клиниката за инфектини болести на домашна нега бил пуштен и друг пациент, а во моментов таму се хоспитализирани петмина пациенти, кои се изолирани едни од други и примаат терапија.

Надлежните, како што пренесува Макфакс, денеска информираа и дека на скопскиот аеродром веќе е инсталирана термалната камера, а со неа ќе може да се детектираат сите патници кои имаат покачена телесна температура.

Напливот на нови сомнителни случаи за одговорните е очекувана работа, со оглед на сезоната на годишните одмори, кога има поголема фреквенција на пациенти.

Од тој аспект и понатаму до граѓаните се апелира да ги почитуваат превентивните мерки. Редовно да се мијат рацете, да се избегнува контакт со заболени лица. Доколку имаат симптоми на грип, веднаш да се јават на лекар.

Светската здравствена организација веќе информираше дека пандемијата се шири со умерен интензитет, но за сега не може точно да се предвиди дали и кога таа би можела да ескалира.

Од земјите во регионот, најголем број заразени за сега има во Грција, каде се регистрирани 117 пациенти со грип од типот А(Х1Н1).




Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax

3.07.2009



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 12°C
Времето во моментов
Најнови содржини
16:23 Дали мајка ви е на Фејсбук? Во земјата на чудата
00:17 Barcelona 4 - 0 Stuttgart Видео фудбал
00:16 Bordeaux 2 - 1 Olympiakos Piraeus Видео фудбал
Спорт
Демонстрација на моќ на Каталонците!
Демонстрација на моќ на Каталонците!
slikaЕвропскиот шампион набрзина ги реши сите дилеми и покажа дека ќе биде најнепосакуваниот противник во четвртфиналето. Повторно блескаше Меси кој постигна два прекрасни гола. Во другиот меч, Бордо повторно го совлада Олимпијакос.
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Македонија ја победи Грција!
Македонија ја победи Грција!
slikaМакедонската ватерполо репрезентација го совлада големиот ривал, селекцијата на нашиот јужен сосед со 7:6 и ја забележа првата победа во Светската лига.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Супер жена со невозможно силни мускули Би бил главен фаца на Дивиот запад Одлутан коњ спасен со хеликоптер Невидена несреќа на автопат
(©) 2006-2010 Taratur.com