
Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт директорот на агенцијата Драган Ѓурчевски, претседателот на МОК Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов потпишаа меморандум за соработка во врска со реализацијата на проектот изградба на атлетска патека во Охрид.
Агенцијата за млади и спорт ќе се вклучи во изградбата на патеката со средства кои ќе бидат употребени за целосна подготовка на теренот до поставувањето на патеката.
Директорот изрази голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет кои ја обезбеди атлетската патека како донација и Атлетската федерација на Македонија за целокупниот ангажман и успешната соработка.
По поставувањето на атлетската патека во Охрид ќе биде организиран еден голем Меѓународен атлетски турнир како што заслужува Република Македонија.
3.07.2009






















