
Хуанде Рамос, досегашниот менаџер на Реал е уверен дека и покрај огромните засилувања на ’кралскиот клуб’, Барселона се уште е подобар тим.
Реал досега на засилувања (Роналдо, Кака, Албиол, Бензема) потроши повеќе од 200 милиони евра, но на прашањето на Радио Марка дали сега Реал е подобар од Барселона, Рамос одговори:
„Гледајќи ги играчите индивидуално, би рекол дека е, но Барселона има предност бидејќи е тим, а Реал се уште не е. Ќе видиме што ќе се случи. Сега е време играчите на Реал да се измешаат, па да видиме каков коктел ќе испадне од тоа“, сликовито објасни Рамос кој на клупата на Реал беше само неколку месеци, по оставката на Бернд Шустер.
Рамос тврди дека имал понуди од други клубови, но одлучил да не прифати ниту една.
„Сите понуди беа од странство, сите од добри клубови, но од најразлични причини не мислев дека е време за заминување.“
3.07.2009




























