
Концертниот промотор на турнејата која никогаш нема да се одржи AEG Live, пушти во јавност снимка од последната проба на Мајкл Џексон, снимена само два дена пред неговата смрт.
Откако во јавност прво ги пуштија сликите, кои ги објавивме, сега се појави и снимка специјално за неговите фанови.
Освен што изгледа малку уморен, на снимката изгледа како кралот на поп музиката никогаш да не престанал да настапува. Мајкл Џексон, кој изгледа баш онаков како што светот секогаш ќе се сеќава на него, танцува и пее, и воопшто не изгледа како ’костур’ како што го опишаа по обдукцијата.
Освен малиот недостиг на сила, што е потполно разбирливо ако се земат предвид неговите години и паузата што ја направи, Џексон на сцената изгледа како еден и единствен – крал на поп музиката!
3.07.2009



























