
Меѓународната унија за зачувување на природата објави шокантен податок за исчезнувањето на растенијата и животните во светот. Во изминатите 500 години изумреле над 800 видови растенија и животни, додека во моментов изумирање им се заканува на 17 илјади видови!
Деталната анализа на овие шокантни бројки покажува дека меѓународната заедница нема да успее да ја оствари целта за поттикнување на биоразновидноста, односно, до следната година да ја сочува различноста на сите животни форми. Тоа е обврска што во 2002 година ја прифатија многу влади.
Новата анализа покажа дека 869 видови изумреле од 1500 година, додека 290 видови се сметаат за изумрени или на работ за истребување.
На најмалку 16.982 видови им се заканува изумирање, вклучувајќи една третина водоземци, повеќе од една осмина птици и една четвртина цицачи.
На крајот се додава дека ова не е детален попис на податоците, бидејќи се анализирани само 2,7 проценти од вкупно еден милион и 800 илјади видови на светот.
3.07.2009

































