
Секојдневното водење љубов го подобрува квалитетот на спермата, односно такво темпо им се препорачува на паровите кои сакаат да добијат деца, покажа најновото истражување.
До ова истражување дебатираа доктори и научници за тоа дали мажот треба да се воздржува од секс неколку дена пред жената да е подготвена за оплодување за можноста за зачнување да се зголеми.
Новата студија на д-р Дејвид Грининг од Австралискиот центар за плодност покажа дека апстиненцијата не е вистинскиот пристап.
Истражувањето спроведено на 118 мажи покажа дека квалитетот на нивната сперма значително се подобрила кога тие ејакулирале секојдневно, седум дена по ред.
Честиот секс ја намалува количината на сперма, но тоа не претставува никаков проблем за повеќето мажи.
„Можеме да заклучиме дека паровите со релативно нормални параметри, кога е во прашање спермата, треба да водат љубов секој ден, цела недела пред овулацијата, ако сакаат да се подобрат шансите за зачнување', наведува д-р Грининг во својата изјава.
'Овој едноставен третман може да го зголеми квалитетот на спермата и на тој начин да овозможи оплодување', тврди Грининг.
3.07.2009

































