
Плејмејкерот на норвешки Мосс здодевниот дуел со Хам-Кам го претвори во средба која ќе се памти по неговиот прекрасен автогол. Несреќниот Овребо стана херој во Скандинавија.
Еден од најубавите голови на месецов сигурно ќе биде голот на Ларс Овребо, плејмејкерот на Мос, во средбата од втората норвешка лига против Хам Кам.
И двата клуба лошо ја започнаа сезоната и насушно им требаат бодови за напредок на табелата, но по ремек делото на Овребо, со кој неговиот клуб доживеа минимален пораз, останатите фудбалери на Мос веројатно ќе треба да си бараат чаре. :)
2.07.2009




























