Садам заради Иран блефирал дека има нуклеарно оружје

Садам Хусеин верувал дека Иран претставува значајна закана за Ирак и ја оставил отворена можноста неговата земја да поседува оружје за масовно уништување, за да не изгледа слаба.

Ова се наведува во штотуку објавениот извештај на ФБИ, изготвен врз основа на испитувањата на поранешниот ирачки лидер.

Во извештајот на ФБИ се наведува дека Садам сметал оти неговата земја ја загрозуваат останатите земји од регионот и поради тоа Ирак мора да се прикаже како држава способна да се брани, пренесе Ројтерс.

„Садам сметаше дека Ирак не може да биде слаб во однос на своите непријатели, особено Иран“, запишал специјалниот агент Џорџ Пиро по разговорите со ирачкиот претседател во јуни 2004 година.

Извештајот на ФБИ открива дека Садам бил повеќе загрижен Иран да не ги открие ирачките слабости отколку што се плашел од потегот на САД, откако го спречи враќањето на инспекторите на ОН кои во Ирак бараа оружје за масовно уништување.

„Според него, инспекторите на ОН директно би им покажале на Иранците каде можат да им нанесат максимална штета на Ирачаните“, се вели во документите кои ги објавил невладиниот истражувачки институт Национален архив за безбедност.

Садам во 1980 година поведе погранична војна со Иран, која траше осум години и за време на која ирачката страна користеше хемиско оружје.

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш во 2003 година изврши воена интервенција против Ирак, наведувајќи ја како причина закана со оружје за масовно уништување кое таа земја, наводно го поседува.

Оружје за масовно уништување никогаш не е пронајдено во Ирак.


2.07.2009



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Помош за Искра
Помош за Искра
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 1°C
Времето во моментов
Најнови содржини
14:09 Фотографиран редок црн пингвин Во земјата на чудата
13:53 Мобилен за шепотење Технологија
13:30 Видео: Сплетен Ферари Во земјата на чудата
Спорт
Тајсон се враќа во ринг за меч на столетието
Тајсон се враќа во ринг за меч на столетието
slikaАмериканските медиуми објавија враќање во рингот на пензионираниот 43-годишен боксер Мајк Тајсон.
Видео: Е ова е мајстор - сам себе се нокаутира
Видео: Е ова е мајстор - сам себе се нокаутира
slikaЕден млад белгиски фудбалер успеа да направи нешто што ретко кој може со фудбалска топка.
Баерн без Гомез две до три седмици
Баерн без Гомез две до три седмици
slikaТимот на Баерн Минхен ќе мора да се снаоѓа без германскиот напаѓач во следните неколку седмици заради повредата која ја заработи на дуелот со Фиорентина.
Погледнете - Хет трик на Бендтнер, ремек дело на Насри и бомба на Робен
Погледнете - Хет трик на Бендтнер, ремек дело на Насри и бомба на Робен
slikaТопчиите му пукнаа петарда на Порто, а Никлас Бенднер се истакна со хет-трик. Баерн Минхен со пораз, но со пласман во четвртфиналето откако во возбудлив меч одигра 3:2 на Артемио Франки во Фиренца.
Горан Пандев бил ’Бугарин’
Горан Пандев бил ’Бугарин’
slikaСлучајна грешка или уште една провокација? Најгледаната австралиска телевизија ’Фокстел’ го претстави нашиот најголем фудбалски бисер како Бугарин!
Резултати сега!
Фото
Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи Страв и трепет на ролеркостер
Видео
Се соблече во талент шоу (16+) Скроз откачена полициска потера Одење по жица без никаква заштита Трка: Камион против авион
(©) 2006-2010 Taratur.com