
Американците се уште истражуваат дали лигавото нешто од Северна Каролина што на интернет го погледаа над три милиони луѓе е вонземско суштество или...
Гнасната творба во канализација на интернет ја видоа три милиони луѓе за само неколку дена. Видеото го сними градежна фирма од Северна Каролина, а експертите се уште испитуваат.
„Ги проверувавме цевките во зграда од 1949 година за еден клиент“, рече портпаролот на Malphrus Construction и додаде дека на снимката ’нештото’ е многу поголемо отколку во стварност.
Ед Бучан, координатор за околина при Државниот завод за комунални услуги понуди научно објаснување. Имено, биолозите заклучија дека станува збор за колонија црви кои се прицврстиле за цевката. Влегле во неа, а бидејќи нема земја, се собираат едни околу други. Сепак, многумина заговараат дека ќе излезе некое вонземско чудо!
2.07.2009

































