
Мафијата се претвора во водечка сила на Косово и во изминатите неколку години инвестира милијарди долари во недвижен имот.
Ова се наведува во извештајот на Светската мрежа за безбедност, со седиште во Њујорк.
Според извештајот, мафијата на Косово секој ден станува сè посилна и има контрола над политичарите во земјата.
Експерти предупредуваат дека Приштина има водечка улога во корупцијата меѓу земјите од Западен Балкан.
Црногорските медиуми пак, информираат дека нивната мафија е поврзана со онаа од Косово околу илегалната трговија разработена по морски пат.
2.07.2009

































