
Грчката влада се подготвува за предвремени парламентарни избори на 27 септември или 4 октомври, и покрај тоа што официјално ги негира овие тврдења, пренесува Макфакс.
Како што пишува грчкиот весник „Македонија“, опозициониот ПАСОК е упорен во намерата да предизвика предвремени избори најдоцна до март 2010. година.
ПАСОК предлага двоен договор – компромисен избор на претседател на државата, под услов да има предвремени избори, нешто што владејачката Нова демократија категорично го одбива.
Весникот констатира дека Грција се наоѓа во своевиден продолжен предизборен период, што треба да заврши најдоцна до март 2010. година или кон крајот на септември и почетокот на октомври оваа година.
2.07.2009
































