
Мајкл Џексон отсекогаш беше нарекуван чудак. Иако никогаш јавно не призна, кралот на поп музиката беше опседнат со белата боја на кожата. Заради оваа опсесија направи едно чудо пластични операции, за на крај да стане зависник од лекови, поради што се претпоставува дека умре.
Неговите здравствени проблеми почнаа на почетокот на 80-те кога лекарите наводно му дијагностицирале кожна болест витилиго и лупус, автоимуна болест која зафаќа разни делови на телото од кожата до нервниот систем.
Како тоа да не му беше доволно, неговата состојба дополнително се влоши кога во 1984 на снимање на реклама за Пепси Кола в глава го погоди ракета за специјални ефекти. Поради оштетувања на кожата и лицето замина на ризична операција.
Иако таа добро помина, остави трајни последици поради што Мајкл мораше да пие силни аналгетици против болки. Оттогаш почна со низата пластични операции кои го претворија во унаказан чудак.
Неговата црна боја на кожата стануваше се посветла, а во 1993 на јавноста и беше објавено дека боледува од леукодермија, ретка кожна болест, заради која кожата го губи меланинот, пигмент кој и дава боја.
Како што поминуваше времето, Џексон се почесто посетуваше естетски хирурзи. Го корегираше носот, го затегнуваше лицето, во брадата и образите вгради имплатанти, а ниеден зафат не го призна јавно.
Како течеше неговата трансформација и колку беше таа драстична светочи и ова видео:
1.07.2009



























