
Шведска, која од денеска претседава со ЕУ, порача дека нема да дозволи билатералните спорови, како грчко – македонскиот, да се злоупотребуваат во процесот на проширување.
„Нема да дозволиме прашањето за проширувањето на Европа да се користи како аргумент во некои билатерални спорови“, изјави денеска шведскиот амбасадор во Софија, Пол Бејер.
Тој, како што пренесува Макфакс, наведе дека присоединувањето на земјите од Западен Балкан, конкретно Македонија, Црна Гора и Србија, останува меѓу приоритетите на шестмесечното претседавање на Шведска со Европската Унија (ЕУ).
Шведскиот амбасадор порача дека овие земји треба да ги исполнат сите поставени критериуми за ЕУ.
1.07.2009

































