Реакции на оставката на вицепремиерот Боцевски

Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски вчера поднесе оставка на функцијата потпретседател на Владата задолжен за евроинтеграции.

“Мојот придонес во актуелната влада веќе е целосно исцрпен и затоа ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка“, наведе Боцевски во оставката што ја достави до премиерот Груевски, а кој веднаш ја прифати.

Според неофицијални информации, Боцевски е главен кандидат за амбасадорското место во Норвешка, иако извори во МНР посочуваат дека оваа вест е неоснована.

Медиумите денеска шпекулираат за тоа дали оставката на Боцевски е потврда за најавите на владина реконструкција или пак, тоа е пораз на политиката на актуелната влада околу ЕУ интеграциите.

“Се разбира, никој не верува ниту дека оставката на Боцевски е случајна. Во делот на образложението за повлекувањето тој вели дека неговата улога како вицепремиер е исцрпена, иако е јасно дека Македонија се наоѓа на половина пат до Брисел. Визниот режим се уште не е укинат ниту, пак, е направен чекор напред во извештаите од ЕК и добивање датум за преговори“, пишува денешен “Утрински весник“.

Некогашниот член на левицата и поранешен владин портпарол најверојатно имал одредени опструкции од министрите на ВМРО-ДПМНЕ.

“Според одредени информации, како вицепремиер Боцевски имал опструкции од сите министри на ВМРО-ДПМНЕ и кај нив не поминувал неговиот концепт на реформи што се неопходни за евроинтеграциите“, објави денеска весникот “Дневник“.

Од друга страна, најавите за владина реконструкција се повеќе се актуелизираат со оставката на Боцевски, иако според прогнозите, можно е некои министри сами да си поднесат оставка за да премиерот избегне класична реконструкција.

“Долг период се најавува дека министрите Михајло Маневски, Перо Стојановски и Трајко Славевски се први на удар кои “сами ќе се поднесат оставки“, додава “Дневник“.

Истиот извор наведува дека од министрите на ДУИ се споменуваат имињата на Муса Џафери, Џељал Бајрами и Фатмир Бесими.

“При евентуалните рокади на министерските места, се споменува дека ДУИ ќе ги добие ресорите за транспорт и врски и култура. Во тој случај министерот Миле Јанакиески би седнал во фотелјата за финансии“, заклучува весникот.

Славески демантира – шпекулациите за моја смена од фејсбук

Министерот за финансии Трајко Славески денеска ги отфрли шпекулациите за негова смена со реконструкција на владиниот кабинет.

„Јас се уште сметам дека не сум исцрпен и дека можам уште многу да придонесам“, изјави министерот Славески.

Тој посочи дека „одредени кругови“ заговараат негова смена уште од септември 2006 година, со цел да ја ослабнат позицијата министер на финансии.

„Настојувам тоа да го надоместам со други перформанси“, изјави Славески.

Според него, медиумите шпекулираат со негова смена поаѓајќи од информации на фејсбук, како што тоа го направиле и во случајот со наводното исчезнување на холивудската актерка Анџелина Џоли.




Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax


1.07.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com