
Како што е и од порано познато, германските репрезентативец Боровски нема место во актуелниот тим на Баерн, па е во потрага по нов тим.
Па по се изгледа Тим Боровски кариерата ќе ја продолжи во тимот каде што и се прослави, Вердер Бремен. Спортскиот директор на Вердер, Алофс го потврди итнересот.
„Ние веќе стапивме во контакт со Боровски и шансите се големи тој да се врати“ изјави тој.
Минатата сезона, Боровски во Баерн премина како слободен играч и потпиша договор до 2011, така да доколку сега Вердер сака да го добие назад ќе треба да плати одредена сума на пари.
Покрај Вердер за Боровски се заинтересирани и од Астон Вила, кои пак се спремни да издвојат 5 милиони фунти.
Наум Баварец/Таратур
1.07.2009



























