
Признајте дека ништо не ги држи толку добро женските гради како дланките! Но, да одите и да играте држејќи ги градите, би било прилично незгодно. Затоа Вондербра има решение со својот магичен градник!
Во жешките летни ноќи многу девојки и жени ќе носат фустани без прерамки за да го истакнат својот сексипил и убавите рамена, ќе сакаат да играат.... Но, што со градите?

Можеби на мажите нема да им пречи кога на подиумот до израз ќе дојдат градите, но на нивните сопственички сигурно нема да им биде сеедно.

Да ги држите градите додека носите фустан или топ без прерамки не е едноставно, но затоа идеалното решение го има Вондербра! Нивниот најнов револуционерен градник, навистина ветува.

Градникот прави илузија исто како жената да си ги држи своите гради. Покрај таквиот градник ќе можете да скокате, трчате, танцувате, а вашите гради да стојат на своето место, а истовремено да дојдат до израз. Интересно, нели?
1.07.2009

































