
Голманот на Ливерпул го налути мафијашкиот бос и се крие низ Софија. На шега ја навреди својата поранешна девојка, инаку Плејбој зајачица, која сега оди со опасниот бугарски Кум.
Има неколку работи за кои се надевате дека никогаш нема да ви се случат во животот. Една од нив е да ве нападне огромна мечка, а другата е да се замерите со шефот на бугарската мафија. Токму второто му се случи на резервниот голман на Ливерпул, Николај Михајлов.

21-годишниот Бугарин, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Твенте, се најде среде љубовен триаголник во кој една необмислена изјава или глупост го чини огромни проблеми.

Михајлов непланирано дојде во судир со бугарскиот мафијашки кум, Георги Стоилов околу поранешната девојка. Моделот Николета Лозанова, која во 2006 беше прогласена за бугарски Playmate of the Year, одеше со резервниот голман на Ливерпул, но од неодамна раскинаа.

Михајлов потоа замена пронајде во уште една Плејбој зајачица и фолк пејачка Никол, а Николета му стана девојка на мафијашот Стоилов, кој во подземјето е познат под прекарот Глава. И се беше во ред, додека младиот голман не се пошегува, споредувајќи ги неговата сегашна и поранешна девојка.

Така, Михајлов ја нарече сегашната девојка Ферари за Николета која е Трабант.

Следниот ден Михајлов сфати што направил. На неговиот скапоцен автомобил Ферари некој истурил киселина која му ја уништила каросеријата и му направила штета од 20.000 евра.

Полицијата веднаш се посомнева на мафијашкиот клан кој го води Стоилов, но се уште нема конкретни докази. Во меѓувреме младиот голман, кој е син на поранешниот репрезентативен славен голман Борислав Михајлов доби полициска заштита и се крие додека челниците на Ливерпул не одлучат за неговата иднина.
Сепак, ние гласаме за Николета Лозанова: :)




1.07.2009



























