
Рикардо Кака е новиот фудбалер на Реал Мадрид. Вечерва е официјализиран 67.2 милиони евра вредиот трансфер од Милан.
Бројот на грбот на дресот на Кака е осумката. Како и што најави претходно Бразилецот ја остави петката на Зидан.
Околу 40.000 фанови на кралскиот клуб присуствуваа на претставувањето на Кака на јавноста. Тоа е рекорд кога станува збор за презентирање на еден фудбалер. Медиумите спомнуваа цифри од 25.000 за Роналдо, но по се изгледа за него ќе има околу 50.000.
“Добредојде во твојот нов дом. Овој е еден и единствен за врвни фудбалери. А, ти Кака си еден од нив.“ - изјави претседателот Флорентино Перез на почетокот на преставувањето.
Кака само накратко, срамежливо рече: “Сакам да бидам запамтен во историјата на Реал.“
Извор: Sportski.mk
30.06.2009



























