
Според каталонскиот весник Sport, играчите на Барселона за успесите на изминатата сезона добија вкупно 8 милиони евра премија.
Притоа најголем дел добија за еден натпревар, кој не е финалето на Лигата на Шампионите, туку дуелот 'ел класико' против Реал.
Sport пишува дека претседателот Хуан Лапорта на своите играчи им ветил премија од 4 милиони евра (20 играчи, 200.000 евра за секој) доколку го победат Реал Мадрид, па со тоа си ја осигураат титулата. Па играчите на Барса тоа го направија со стил, со победа од 6-2 во гости.
Пред сезоната, Лапорта им ветил и три милиони евра за освојување на Лигата на Шампионите и еден милион за Купот.
И покрај економската криза, Лапорта овие премии ќе ги исплати со насмевка на лицето, бидејќи освен стекнатиот рејтинг во Европа, Барса од трите титули заработи и доста пари.
Наум Баварец/Таратур
30.06.2009






















