
Грчкиот шампион Олимпијакос, во летниот преоден рок сакаат да направат тим со кои ќе можат да се покажат на европската сцена.
Во клубот веќе пристигнаа Мет Дербишир од Блекбурн и Олоф Мелберг од Јувентус. Следниот на листата на желби е Мајкл Овен.
Овен, кој веќе подолго време се мачи со повреди, од 1 jули станува слободен играч и ќе биде во потрага по нов клуб.
Проблемите на Овен со повредите почнаа во 2002 кога за прв пат го повреди коленото, по што паузираше 8 месеци.
Во 2004 година замина во Реал Мадрид каде што се задржа само една сезона која ја преседе на клупата. После тоа замина во Њукасал каде што добро му тргна но повторно го повреди коленото и паузираше 18 месеци.
Сега за Мајкл Овен покрај Олимпијакос се заинтересирани и Хал и Стоук.
Наум Баварец/Таратур
30.06.2009




























