
Мексиканската презентерка Мајте Каранко со својата долга темна коса, сензуални усни и прекрасни облини, ги крева и онака високите температури во својата земја.
Мексиканската презентерка на временска прогноза Мајте Каранко работи на ТВ станицата Телевиса Монтереј од 2007 година. Дури и ако најави дожд за следните неколку дена, нејзините гледачи на ја симнуваат насмевката од лицата.

Во оскудни маички и кратки сукњички, многу брзо стана ѕвезда во Мексико. На интернет страната asylum.com, од вкупно 47.000 гласови дури 90% гласаа дека токму таа е најсекси презентерка на временска прогноза во светот. Се уште никој не ја симнал кралицата од тронот.
Критичарите единствено и замеруваат што се презентира како сексуален објект. Но, на Мејте тоа не и пречи. Таа едноставно ужива во својата работа.



30.06.2009

































