
Офанзивецот на Арсенал, Андреј Аршавин со своите последни изјави сигурно не ги развесели челниците и навивачите на Топчиите, а особено менаџерот Арсен Венгер.
28-годишниот Аршавин, кој потпиша за Арсенал за 16.9 милиони фунти пред пет месеци, за англиските медиуми изјави дека би сакал да игра за актуелниот европски првак.
„Ако имам шанса да играм за Барселона би бил многу среќен“, ја пренесе Сан неговата изјава.
Аршавин од порано е познат по превртливите изјави. Пред извесно време изјави дека би сакал во Арсенал да ја заврши кариерата, а пред да дојде во Англија рече дека животна желба му било да игра во Барселона. Претходно се спомнуваа Реал, Тотенхем и други клубови.
Русинот има проблеми со законот во Велика Британија, потчно со данокот. Со новиот данок кој го наметна владата на Велика Британија, Андреј Аршавин треба да плаќа дури 600.000 фунти годишно од платата што ја зема во Арсенал.
30.06.2009






















