Албанија го положи изборниот тест, историско учество на Македонците

Неделните парламентарни избори во Албанија, седми по ред и први по влезот во НАТО, може да се оценат како најдобро организирани досега, и покрај одредени технички недостатоци, кои беа изнесени и од странските набљудувачи.

Изборите и покрај очекувањата дека владеачката Демократска партија (ДП) ќе ги добие мошне лесно, покажуваат дека видно е зголемен рејтингот на албанската левица, предводена од Социјалистичката партија (СП).

Оваа промена на рејтингот на партиите во земјата може да се толкува како резултат на големата трагедија и експлозијата во Грдец, неколкуте финансиски афери на владини функционери, како и обвинувањата на адреса на Владата за финансиски малверзации при изградбата на автопатот Драч – Кукс, вреден една милијарда евра.

Изборите, кои се оценуваа како клучни за евроаспирациите на Албанија, очекувано беа силно набљудувани од страна на меѓународните организации. Изборниот процес го следеа над 500 набљудувачи од НАТО и ОБСЕ/ОДИХР.

Карактеристика на овие избори е и фактот дека конечно во земјата се изолираа помалите политичките партии. Последните податоци околу резултатите покажуваат дека само шест партии ќе можат да влезат во новиот парламент, од вкупно 34 колку што учествуваа.

На овие избори, исто така, стана јасно дека независните кандидати, кои беа побројни во минатите избори, овој пат изостанаа и беа сведени само на еден.

Околу партиите на малцинствата, партијата на Македонците во Албанија - Македонска Алијанса за европска иднина на овие избори учествуваше за прв пат.

Поради одредени проблеми во организационата структура, и тоа што има голем дел на Македонци кои традиционално се приврзани на поголемите политички партии, можно е да се случи Македонска Алијанса за европска иднина да нема претставник во парламентот.

Сепак, појавата на македонската партија може да се оцени како голем успех во политичкото организирање на Македонците. Оваа партија покажа дека во наредните години може да има значајно место во одредени средини во политичкиот живот на Албанија.

Партијата учествуваше во сите 12 изборни реони со свои кандидати и се верува дека ќе ја продолжи изградбата на својата партиска инфраструктура..

Уште поважно е што Македонската партија е единствена партија во Албанија која има национален предзнак, што може да се коментира како отворање на официјална Тирана кон целосните права на малцинствата во земјата.

Евентуалното формирање на новата влада од страна на ДП дава големи можности партијата на Македонците да има свој претставник во извршната власт.

На овие избори без разлика што лидерите на партијата на Македонците и на партијата на Грците – Партија за човекови права, јавно изнесуваа дека имаат добра соработка, факт е дека Македонците застанаа на страна на десницата, додека Грците на страна на левицата.

Формирањето на новата албанска влада ќе биде тешко прашање поради фактот што и двете големи партии ќе освојат приближно исти пратенички мандати.

Евентуалното формирање на владата од страна на левицата во која би влегле СП и Движењето за социјалистичка интеграција, се очекува да го зголеми грчкото влијание во земјата.Токму на завршните митинзи на социјалистите, индиректно ова го порача и лидерот на грчката опозициона ПАСОК Јоргос Папандреу.

Затоа, наредните денови ќе има големи политички превирања околу составот на идната албанска влада.




Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax

30.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com