
Откако нашите врвни медиуми пренесоа дека Анџелина Џоли исчезнала на јахта, Таратур ексклузивно дознава дека славната актерка е спасена од никој друг, туку од Чак Норис!
Нашите врвни медиуми наседнаа на обична интернет мамка на лажни вести. Fake A Wish од каде што наводниот Медиа Фичер ја прави веста е сајт на кој секој може да си стави вест во кој некој исчезнал на јахта, паднал од карпа, му се срушил авионот или е нов шампион во мастурбирање. :)
Во лажната вест со јахтата, стои дека луксузната јахта потонала во близина на брегот на Сент Тропе, Франција.
Ликот (во случајов Анџелина Џоли, а имаше и за Харисон Форд) бил на одмор на крстарење во приватната луксузна јахта. Француската морнарица повикот за спас го добила од 10 лица од јахтата, во близина на Сент Тропе.
Направете си и вие вест, па пратете им ја на нашите ТВ куќи да ја објават во централните вести. :)

30.06.2009



























