
За бразилскиот дневник О Глобо поранешниот менаџер на Челзи откри дека на Стемфорд Бриџ го минирале тројца моќни фудбалери.
„За мојот отказ не беа виновни моите неуспешни методи, туку фактот дека некои играчи не ги прифаќаа“, изјави Сколари.
„Вистинските шефови во фудбалот денес се играчите. Тренерот во повеќето европски клубови нема сила да им се спротистави. И секогаш се отпуштаат тренерите. Главните играчи во секој поголем клуб се свесни за тоа и ја користат таа околност“.

„Тоа беше и мојот проблем во Челзи. Дрогба, Балак и Чех не ги прифаќаа моите тренерски методи, ниту тоа што го барав од нив“.
Слично на тоа, според поранешниот селектор на Бразил и Португалија ќе го снајде Реал, но не со доаѓањето на Кака и Роналдо, туку заради Раул.
„Проблемот на Реал е Раул. Тој е ветеран и ја држи соблекувалната под своја команда“, вели Сколари, додавајќи дека очекува Кака и Роналдо одлично да соработуваат во Мадрид.
29.06.2009




























