
Најсреќната возраст за жените е 28 години, но среќата им трае само две години, бидејќи потоа почнуваат да се грижат за стареењето.
Научниците открија дека жените се најсреќни на возраст од 28 години. Тогаш, се полни со самодоверба, среќни со својот живот и задоволни од своето тело. Во тој период уживаат и во најдобар секс.
Но, среќата кратко трае! Среќниот период трае цели две години, по што почнуваат грижите околу брчките, белите влакна, дебелината...
„Ова е периодот кога косата на жената изгледа најдобро, кога нејзиното тело изгледа најдобро и кога е на врвот од самодовербата“, тврдат научниците кои го направиле истражувањето врз четири илјади жени.
Косата на 28 години на жените им изгледа прекрасно, телото им е убаво обликувано, а тоа резултира и со чувство на самодоверба. „Сигурност на работа, редовни примања, стабилната врска и добрите пријатели помагаат да се чувствува задоволство во животот“, појаснуваат одговорните за истражувањето.
Истото истражување покажало дека жените со работата се најзадоволни во 29 година, а со врската една година подоцна, додека најдобриот секс се врзува за 28-та година.
Во раните триесетти ќе почувствуваат финансиско задоволство, а ќе се смират со семејниот живот во 32. Истражувањето покажа дека жените се загрижени бидејќи сметаат дека стареат побрзо од мажите, а најмногу ги загрижува тоа што со текот на годините физички ќе изгледаат полошо.
29.06.2009

































