
Бразилците се шампиони на 8-то издание на Купот на Конфедерации. Ова е нивни трети триумф во ова натпреварување и со тоа се издвоија на самиот врв според бројот на титулите. Имаат една повеќе од Франција.
Во Јоханесбург бевме сведоци на две сосема различни полувремиња. Првото во целост им припадна на Американците и второто во кое Бразилците имаа апсолутна доминација на теренот.
Натпреварот започна многу лошо за Кариоките. Еден случаен гол на Демпси во 10-та минута.
Спектор упати едно силно нафрлување во шеснаесетникот, играчот на Фулам само ја допре и ја пласираше во десниот долен агол на Цезар кој беше немоќен. Не ни се очекуваше таков расплет на оваа акција на Американците и затоа и така лесно реализираа.
Потоа во 27-та минута фуриозна контра на Чарли Дејвис. Доби топка на средината на теренот од Донован, jа водеше до 20-тина метри од шеснаестникот, забележа дека Донован е побрз од Рамирез му ја сврте на средината, напаѓачот на Л.А.Галакси одлично испилотира со Рамирез и пласираше за 2-0 и големо изненадување за сите љубители на фудбалот.
Бразилците во првиот дел имаа две шанси, два удара од левата страна, еден на Робињо и еден на Андрес Сантос, но Хауард одлично одбрани.
Во вториот дел сосема поинакво издание на Кариоките. Постигнаа еден гол уште на стратот во 46-та минута. Луис Фабијано го постигна својот 4-ти гол на овој турнир по асистенција на Маикон. Со тоа напаѓачот на Севиља изби сам на листата на стрeлците на овој турнир.
После овој гол Бразил имаше уште многу шанси. Две фантастични на Луис Фабијано и Кака, но Хауард беше неверојатен и одлично ги прочита.
Сепак играта уште толку се смени на подобро кога Дунга ги извади двата играча кои беа во составот само за да се продадат летово. Излегоа Андре Сантос и Рамирез, а влегоа Даниел Алвеш и Елано.
Веднаш потоа израмнување 2-2, 74-та минута. Кака одлично продре по левата страна нафрли на втората статива, Робињо шутираше, но ја погоди пречката, топката се одби до Фабијано кој со глава од само 1-2 метри ја заби за свои 5-ти гол на овој турнир и титула најдобар стрелец.
Конечниот резултат 3-2 го постави Лусио по корнерот на Елано во 84-та минута.
Американците потоа беа немоќни за нешто повеќе. Бразил ја контролираше играта и после изданието во вториот дел сосема заслужено ја освоија титулата. Сакаа на сличен начин со бункер како против Шпанија да ја освојат титулата, но сепак две победи по ред против славни репрезентации на сличен начин ќе беше премногу за светскиот фудбал.
На крај сосема заслужено Бразил е шампион. 5 победи во исто толку натпревари. 4-3 со Египет, 3-0 со САД, 3-0 со Италија, 1-0 со Јужна Африка во полуфиналето и 3-2 со САД во финалето.
Во мечот за трето место Шпанија во продолженија го совлада домаќинот со 3-2 со голот на Чаби Алонсо во продолжението.
Извор: Sportski.mk
29.06.2009




























