Бомбата на Алвес ги сруши Јужноафриканците

Бразил во полуфиналето од Купот на конфедерациите квалитетно се намачи против домаќините на СП 2010. Мирисаше на уште едно изненадување, но тогаш во 87 минута ’опали’ офанзивниот десен бек на Барса. Погледнете!

Со заглушувачката и иритантна бучава вувузела, навивачките рогови кои ги користат јужноафриканските навивачи, натпреварот почна во лесна доминација на домашните. Иако немаа изразити прилики, често беа пред голот на Цезар, а во 22 минута опасно се закани Мокоена.

Бразилците возвратија преку Кака во 37 минута, но новопечениот реаловец шутираше покрај голот. Пред одморот и Пиенар се закани од далечина, но голманот на Интер одлично одбрани.

Бразил по час игра конечно стана поактивен, но ни оддалеку не доминираше. Напротив, неутралните навивачи очекуваа ново изненадување. А, во најмала рака се очекуваа продолженија.

Но, токму во последните мигови од средбата, откако влезе во 80 минута, Дани Алвес доби одлична можност да се покаже од слободен удар. И покажа дека има одлично чувство за таква задача!



Со голот на бекот на Барса, Бразил ќе игра против САД в недела, додека пак ЈАР и Шпанија ќе играат за утешното трето место.

26.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 17°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com