Манчестер Јунајтед најмногу заработи од ЛШ

Европската фудбалска федерација го објави официјалниот извештај за приходите од минатата година за натпреварите од Лигата на шампионите. Најмногу заработи континенталниот вицешампион, Манчестер Јунајтед.

На основа на правилникот во кој главни критериуми беа резултатите и маркетиншката вредност на екипата, УЕФА додели вкупно 581 милион евра, од кои англискиот првак заработи дури 37.7 милиони.

На второ место со 34.5 милиони е Баерн Минхен, додека актуелниот европски шампион Барселона е на третото место со 30.9 милиони.

Најмалку од сите клубови кои се појавија во ЛШ заработи белорускиот БАТЕ Борисов - 6.3 милиони евра.

Пласманот во Лигата на шампионите вредеше три милиони, а клубовите добиваа и по 400.000 за секој одигран натпревар. Победата носеше 600.000 евра, а ремито 300.000 евра.

Пласманот во осминафиналето беше награден со 2.2 милиони евра, а во четвртфиналето со 2.5 милиони. Најдобрите четири тима беа побогати за три милиони евра, финалистите добија четири, а победникот (Барселона) доби дополнителни три милиони евра.

УЕФА обезбеди пари и за тимовите кои се натпреваруваа во квалификациите за ЛШ, па така учеството во првото и второто претколо вредеше по 100.000 евра, додека за третата рунда се добива по уште 160.000 евра.

Повеќе приходи во рамките на Купот на УЕФА каде беа доделени 37,5 милиони евра доби Вердер Бремен. Германците за нивниот настап добија 7 милиони, а зад нив следуваат „граѓаните“ од Манчестер со 5,3 милиони. Хамбург е втората германска екипа која се наоѓа меѓу петте кои освоиле најмногу во Купот.


Заработувачка на тимовите во ЛШ 2008/2009:
Манчестер Јунајтед (Англија) - 37,7 милиона евра
Баерн Минхен (Германија) - 34,5
Барселона (Шпанија) - 30,9
Челзи (Англија) - 30,4
Интер (Италија) - 28,2
Арсенал (Англија) - 26,4
Рома (Италија) - 26
ПСВ Ајндховен (Холандија) - 25,5
Лион (Франција) - 23,6
Ливерпул (Англија) - 22,9
Вердер (Германија) - 22,2
Јувентус (Италија) - 22,1
Виљареал (Шпанија) - 21,6
Реал Мадрид (Шпанија) - 20,2
Панатинаикос (Грција) - 18,5
Бордо (Франција) - 17,3
Фиорентина (Италија) - 16,8
Атлетико Мадрид (Шпанија) - 16,3
Порто (Португалија) - 14,4
Олимпик Марсеј (Франција) - 14,3
Фенербахче (Турција) - 14,2
Селтик (Шкотска) - 12,6
Алборг (Данска) - 12,2
Спортинг (Португалија) - 11,6
Базел (Швајцарија) - 8,46
Зенит (Русија) - 8,13
Шахтјор (Украина) - 7,74
Динамо Киев (Украина) - 7,68
Клуж (Ромунија) - 7,6
Анортозис (Кипар) - 7,55
Стеауа (Ромунија) - 6,88
Бате Борисов (Белорусија) - 6,34

25.06.2009



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 17°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com